Иран фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран ќе преземе специјални мерки за заштита на нуклеарните објекти

Арагчи изјави дека Техеран ќе преземе „специјални мерки“ за да ги заштити нуклеарните објекти.

Неговата изјава уследи откако пред два дена Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, објавија дека можно е Израел да подготвува напади врз иранските нуклеарни постројки.

– Ја повикав меѓународната заедница да преземе ефикасни превентивни мерки против тековните израелски закани, а доколку нема одговор, ќе го принудат Иран да преземе посебни мерки за заштита на нашите нуклеарни објекти и материјали, објави Арагчи на платформата Икс.

Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во кое предупредува дека Иран ќе ги смета САД за одговорни за секој израелски напад.

Претходно, портпаролот на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Алимохамед Наини изјави дека на секој израелски напад ќе се одговори „одлучно и разорно“.

– Тие сакаат да нè исплашат со војна, но погрешно пресметаа бидејќи не се свесни за воената и народната поддршка што Исламска Република може да ја добие во воени услови, посочи Наини.

Израел не ги коментираше наводите на Си-ен-ен, но израелските претставници, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху, постојано се закануваа дека ќе ги нападнат иранските нуклеарни постројки за да ја спречат Иран да има нуклеарно оружје
Sent

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот