Иран нуклеарка фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран и Русија ќе потпишат документи за изградба на нови нуклеарни централи

Техеран и Москва ќе потпишат документи за изградба на нови нуклеарни централи оваа недела, најави Мохамад Еслами, раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI) и потпретседател на Иран.

„Иран и Русија ќе потпишат договор за изградба на нови нуклеарни централи во наредните денови“, рече Еслами, пренесува ИРНА и РИА Новости.

Според него, релевантните документи ќе бидат потпишани оваа недела.

Западните влади го обвинуваат Техеран дека не се придржува до договорот од 2015 година со светските сили, чија цел е да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје.
Иран негира дека има таква намера, додека Русија нагласува дека го поддржува правото на Техеран за мирно користење на нуклеарната енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот