Израел - Иран / Фото: Sunshine Seeds / Alamy / Profimedia

Иран ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес ги повика муслиманските земји, пред самитот во Доха, да ги прекинат врските со Израел, како одговор на нападот што го изврши таа земја минатата недела врз претставници на палестинската милитантна група Хамас, кои престојуваа во Катар.

Пред да отпатува во Катар за да учествува на итно свиканиот самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига по прашањето за израелскиот напад врз Доха, Пезешкијан рече дека состанокот се одржува на покана на катарскиот емир и дека тој ќе „се справи со прашањето за очигледната агресија“ од страна на израелскиот режим, што, според него, се случило и покрај сите меѓународни закони, пренесува ИРНА.

 

„Овој режим нападна многу исламски земји, вклучувајќи ги Катар, Либан, Ирак, Иран и Јемен. Прави што сака, а за жал, и Соединетите Американски Држави и европските земји ги поддржуваат овие акции“, рече Пезешкијан.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на прес-конференција со катарскиот шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани во Доха. Фотографија: Претседателство на Иран/Ројтерс

Тој нагласи дека израелскиот режим „врши геноцид во Газа“ и ги повика муслиманските земји да се одвојат од Израел.

 

„Исламските земји мора да го зголемат своето единство и кохезија против дејствијата на ционистичкиот режим и да се стремат злосторствата на овој режим да бидат гонети на меѓународни и правни форуми. Исламските земји мора да бидат обединети едни со други и, преку практични мерки во економската, културната и социјалната област, да ги прекинат своите врски со ционистичкиот режим“, заклучи Пезешкијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот