
Иран погуби повеќе од 1.000 луѓе за девет месеци
Повеќе од 1.000 луѓе се егзекутирани во Иран во текот на првите девет месеци од 2025 година, според извештај објавен вчера од Организацијата за човекови права „Хенгау“, објави ДПА.
Препорачано
„Хенгау“ вели дека 404 од погубувањата се случиле пред да избувне војната меѓу Иран и Израел во јуни. Овој број претставува зголемување од 40 проценти од почетокот на војната, „што е најголемо зголемување во последните две децении“, се вели во соопштението за медиумите од организацијата.
„Никогаш досега егзекуциите не надминале 1.000 во толку краток временски период“, се додава во билтенот.
До крајот на август, Обединетите нации веќе регистрираа 841 егзекуција од почетокот на годината, што претставува нагло зголемување на егзекуциите во споредба со претходните години.
Според податоците на ОН, во Иран имало најмалку 975 егзекуции во 2024 година. Ова укажува дека бројот на егзекуции извршени оваа година би можел да достигне највисоко ниво во последните децении.
Групите за човекови права долго време ја критикуваат широката употреба на смртната казна во Иран, обвинувајќи ги властите дека користат егзекуции за заплашување на неистомислениците.
Израел и Иран водеа 12-дневна војна во јуни, за време на која израелските и американските сили бомбардираа клучни ирански нуклеарни и воени објекти. Најмалку осум мажи обвинети за шпионажа се егзекутирани во Иран оттогаш, велат активистите.