Елизабет Чурков/Фото: Фејсбук

Ирак: Руско-израелска студентка киднапирана во март 2023 година, ослободена со американска помош

Руско-израелската студентка Елизабет Чурков, која беше киднапирана во март 2023 година од страна на шиитската милиција во Ирак, е ослободена по две и пол години заробеништво, објавија вчера вечер американскиот претседател Доналд Трамп и семејството на студентката.

Универзитетот Принстон соопшти дека Чурков била во Ирак „спроведувајќи истражување за нејзината докторска дисертација“ кога била киднапирана.

Трамп изјави преку Трут Сошал дека Чурков „сега е безбедна во американската амбасада во Ирак откако била мачена со месеци“.

Ослободувањето на Елизабет Чурков го потврди ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани.

Невладината организација „Глобал рич“ , која работи на ослободување на американски притвореници во странство, соопшти дека Чурков бил подложен на медицински прегледи во американската амбасада во Багдад.

Ема Чурков, сестрата на Елизабет, ѝ се заблагодари на администрацијата на Трамп во име на семејството за помошта во нејзиното ослободување.

„Едвај чекаме да ја видиме Елизабет и да ѝ ја дадеме целата љубов што чекавме да ја споделиме 903 дена“, рече таа.

За време на претседателствувањето на Бајден, семејството на Чурков се обиде да ја убеди Белата куќа да ги поддржи напорите за нејзино ослободување, но официјалните лица во тоа време изјавија дека малку можат да направат бидејќи таа не е државјанка на САД.

Во февруари, администрацијата на Трамп испрати преговарач за заложници во Ирак за да изврши притисок врз Багдад за ослободување на Елизабет Чурков, според извори цитирани од Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот