Даница Личанин-Блажеска, сопственик на „Рептил“

Интервју со Даница Личанин-Блажеска, сопственик на „Рептил“: 25 години РЕПТИЛ – Доволно добра причина да славиме од срце

1. Како започна приказната на „Рептил“, која како што знаеме веќе 25 години гради само успеси?

– Приказната за нашиот семеен бизнис започна пред повеќе од две децении, во октомври, далечната 1996 година во Скопје, со идеја да биде продолжена традицијата, која што ја имаше во маалските продавници. Почетокот на работењето беше тежок и турбулентен, но искуствата на мојот сопруг и мојата мајка ми помогнаа да ги преминам сите препреки и да го остварам својот сон. Првиот Рептил маркет, кој што го отворивме беше на Рузвелтова. Сите од семејството бевме вклучени во процесот на работење и развивање на бизнисот, па од една продавница со само неколку вработени, денес се изградивме како ланец на деветнаесет маркети, Рептил Special и онлајн продавница во Скопје, со 300 вработени. Горди сме што веќе 25 години успеваме со иста динамика да растеме и да се прошируваме во дејноста, а со иста посветеност ќе продолжиме да работиме и наредните години.

2. За две и пол децении отворивте 19 маркети низ Скопје, Рептил Special и онлајн продавница и изградивте „Рептил“ семејство од 300 вработени. Кои се најголемите предизвици со кои се имате соочено во досегашното работење и водење на овој успешен бизнис?

– Секој успешен бизнис, секоја работа се соочува со предизвици. Сериозната конкуренција си го прави своето, па затоа мора многу умешно да се постапува при носење на секоја идна одлука. Секој чекор што го правиме мора да биде иновативен и поткрепен со претходно длабоко истражување, доколку сакаме да опстанеме на турбулентниот пазар. Предизвиците, кои што досега ни излегле на патот, се стремиме да ги претвораме во придобивки и идеи за унапредување на работењето. Инвестирањето, во менаџерските способности и задоволството на секој наш вработен, е една од клучните стратегии, кои што ги применуваме во нашето работење и кон кои се фокусираме. Насоката ни е да се разликуваме од сите други, со што веќе 25 години градиме препознатлив бренд и имиџ на компанијата, со љубезност, искреност и пред сè професионалност во работењето.

Даница Личанин-Блажеска, сопственик на „Рептил“

3. Колку сте задоволни од онлајн продавницата marketonline.mk? Дали ги исполни сите ваши очекувања, кои што ги имавте пред започнување со истата?

– Од година во година, се трудиме да се доближиме до потрошувачите и да ги задоволиме нивните потреби. Поради брзиот начин на живот и експанзијата во купување преку интернет, пред шест години ја лансиравме нашата онлајн продавница www.marketonline.mk, каде нашите производи ги продаваме и онлајн. Ефектите од пандемијата секако ни ја посочија и покажаа, а воедно и ја потврдија практичноста од онлајн купувањето. Со пазарење од дома купувачите заштедуваат време и енергија. Со задоволство можам да кажам дека онлајн продавницата ги надмина сите наши очекувања, па токму затоа ние како ланец на маркети ќе продолжиме да ги следиме најновите светски трендови и ќе се трудиме желбите на потрошувачите да бидат максимално задоволени. Доколку се работи посветено и со љубов, успехот дефинитивно ќе биде надграден со трудољубивост и желба за раст и развој.

4. Колку и дали е тешко да се менаџира со 300 вработени, а воедно да се внимава на постојаниот квалитет на сите производи и на градењето задоволни потрошувачи?

– Искрено, не би констатирала дека е тешко да се менаџира со голем број на вработени, туку напротив. Сè додека се користат правилните алатки за мотивација на истите, истото нема причина да биде перцепирано како ненадминлив предизвик или проблем. Персоналот на Рептил претставува најголемиот адут на бизнисот. Нашите вработени не се само амбасадори на бизнисот, туку истите истовремено се и градители на брендот. Ние како ланец на маркети, постојано ги наградуваме најдобрите вработени. Едукацијата и обуките се нешто што постојано го применуваме за тимот на Рептил да се усовршува и напредува. Секогаш сме отворени за нови вработени, кои имаат желба за учење, а нашиот постоечки тим секогаш се грижи нововработените брзо да се вклучат и прилагодат во нашето големо Рептил семејство. Една од тајните на долгото постоење на Рептил е вработените да бидат услужливи и пријатни, а купувачите да бидат задоволни. Токму заради тоа, во Рептил може да сретнете многу вработени со стаж подолг од 10 години.

Даница Личанин-Блажеска, сопственик на „Рептил“

5. Минатата година го отворивте првиот „Рептил Special“ во општина Аеродром. Кажете ни по што се разликува овој „Рептил Special“ маркет од останатите „Рептил“ маркети?

– Инспирирани од трендот за здрав живот и здравиот начин на исхрана, одлучивме да направиме нешто малку поразлично од секојдневниот концепт на работа и да им понудиме на нашите купувачи едно ново и специјално Рептил искуство. Рептил Special е продавница, лоцирана во општина Аеродром и се простира на површина од 150м2. Овој Рептил маркет се разликува од останатите по тоа што нуди малку поразлични и несекојдневни производи, како што се свежо месо и риба, домашни слатки и торти, сувомесни и млечни деликатеси, одбрани производи со висок квалитет од дивеч, уникатни овошја, печурки, македонски вина, специјални и увозни пива, широк асортиман на сите видови жестоки пијалаци, здрави, BIO и органски производи, кафе, тутун и кујна за готови јадења, или едноставно здрави , ексклузивни и специјални производи, кои што ретко можат да се најдат на друго место. Желбата да понудиме нешто ново и поразлично на денешните модерни домаќинства, беше појдовната точка за отворање на овој поинаков маркет.

6. Колку време постои „Рептил“ клубот и колкав број на членови брои досега? Какви сè бенефиции имаат потрошувачите, кои се дел од „Рептил“ клубот?

– Рептил клубот постои од јуни 2010 година, односно веќе 11 години успешно функционира. Досега клубот брои над 20.000 членови, а таа бројка секојдневно расте. Благодарение на услугата и ангажманот на целиот персонал во Рептил, задоволувањето на потребите на потрошувачите е секогаш на највисоко ниво. Членовите на клубот добиваат екстра попуст на над 450 артикли, кои што се во редовната понуда, попустот го добиваат веднаш на фискалната сметка и си ја гледаат заштедата, а дополнително ги наградуваме и најлојалните со пакет производи. Придибивките од тоа доведуваат до постојано зголемување на бројот на членови, а воедно и до задржување на постоечките.

7. Кои се вашите планови за во иднина? Дали планирате да отворите маркети и во други градови низ државата?

– За долгогодишен успех на еден бизнис потребен е континуиран фокус и градење на долгорочна соработка и доверба помеѓу вработените и купувачите, а истото е микс на навики, кои што тимот на Рептил секојдневно ги имплементира  во своето работење. Моментално нашите маркети ги има насекаде низ Скопје, но секако сме отворени за нови предизвици. Бизнисот е како дете, многу е важно да го израснеме во здрава околина со квалитетен живот и добра едукација, за да се изгради како успешна личност. Токму затоа, секогаш се трудиме да бидеме до нашите купувачи, постојано да сме во тек со нивните барања и желби и истите да ги задоволиме и исполниме. Мојата желба е Рептил постојано да расте во различни насоки, како и да се подобрува константно во сите сегменти. Сигурната иднина е едноставно подобрување на бизнисот, – нешто кое води до заслужен раст и со кое многу лесно се проектира и секој иден успех. Моментално сме активни во Скопје и секој ден целиме да бидеме подобри и на нови локации, а нашите достигнувања се секако доказ за истото.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот