Љуљзим Фаризи / фото: ТВ 24

Инспекторот Фаризи: Објектот работел 15 години, оправдан е гневот кај народот по трагедијата

Инспекторот Љуљзим Фаризи вечерва во емисијта „24 анализа“ на телевизијата „24“ рече дека гневот кој се јавува кај луѓето поради пожарот во дискотеката во Кочани, е оправдан. Според него, овој случај треба да се подели во три етапи и во него да се постапува со ладни глави.

Тој зборуваше и за тоа дека целиот случај треба да се истражува наназад бидејќи, како што рече, таа дискотека работела 15 години.

„Овој гнев кај народот, тоа е гнев на сè она што се случува и на сите трагедии и мислам дека треба да бидеме похумани за да не загрееме дополнителни страсти. Ова трагедија треба да се подели на три дела. Прво институциите да работат и истражуваат, второ политиката да биде подалеку од мешање во оваа ситуација бидејќи дополнително може да ги загрее страстите и да бидеме хумани кон тие луѓе кои загинале. На овие три дела треба да се придржуваме, сè додека на поминат овие денови на жалост и да видиме кој е одговорен. Кога ќе помине хуманиот дел, како ќе поминува времето, секогаш ќе се сеќаваме, но болката на семејствата е тука. Ќе треба да мислиме со ладни глави. Таа толпа од денеска е емотивна, но оправдано е тоа“, рече Фаризи.

Тој објасни и дека случајот покажува дека системот во државата е распаднат.

„Ова што се случи покажува дека системот е распаднат, јас долго работам во оваа институција и кога почнаа да се прават реформите во 2011, знам за какви реформи се зборуваше. Во 2014 направивме реформи и институциите и инспекторите се поделија од министерствата и се направи инспекциски совет. Сега во 2024 се враќаме назад и според мене не е добар чекор бидејќи мислам дека треба да се реорганизираме и сега ова ни се случи, кога се прави трансформација. Таа реформа од 2014 нè уназадува, ние имаме план за работа и ако си на работа, не смееш да влезеш во одреден локал без налог. На централно ниво дозволата за работа се дава од Министерството за економија и треба да се анализираат во континуитет сите бидејќи таа дискотека работи 15 години. Мислам дека треба да се фатат по ред сите. За да земеш дозвола од Министерството за економија треба да исполниш одредени услови и треба да се анализара таа состојба и да одговорат сите“, додаде Фаризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот