Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Инспекторите ги попишаа сите српски магацини на стоки, пиварници и фабрики за масло

На последната седница на Работната група за регулирање на пазарната и стоковната берза беше презентиран извештај за пописот на сите магацини на територијата на Србија. Пописната комисија ја сочинуваа претставници од Земјоделската фитосанитарна и пазарна инспекција како и од Дирекцијата за стокови резерви.

Пописот опфати 786 магацини, како и рафинериите за масло, пиварници и фабрики за шпиритус, и даде детални податоци за капацитетите, начините на складирање и квалитетот на стоката. Утврдено е дека вкупниот капацитет на складирање во нашата земја изнесува седум милиони тони.

Од Министерството за земјоделство соопштија дека е договорено во наредниот период да се ревидираат сите прописи кои се однесуваат на складирањето на земјоделските производи и дека треба да се најдат најдобри решенија.

-Бараме врз основа на предадената стока во јавниот магацин да добиеме стоковна евиденција со која ќе можеме да тргуваме – изјави Душан Торњански, кој е член на оваа работна група пред Здружението на земјоделци Банат за агенцијата Бета. Тој смета и дека ќе бидат потребни две до три години за да се организира стоковната берза во Србија. Да потсетиме, земјоделците наесен за време на протестот меѓу другото бараа и регулирање на берзата и воведување на стокови сметки и форвард договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот