Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум

Производствената активност на САД го ублажи падот во мај, иако се уште е на 11-годишниот минимум.

Како што пренесуваат странските агенции, закрепнувањето од кризата со коронавирусот, сепак, може да трае со години поради големата невработеност.

Американскиот Институт за управување со снабдување (ИСМ) вчера соопшти дека неговиот индекс на индустриска активност во земјата се зголемил на 43,1 поени во мај, од 41,5 поени во април, најниско ниво од април 2009 година.

Индикаторот под 50 поени укажува на намалување на индустриското производство, што сочинува 11 проценти од американската економија.

Ова е прв пораст на индексот ИСМ од јануари, што според регионалните истражувања укажува на подобрување на производството во мај и потврдува дека економската активност во април се спушти на дното.
Американската економија падна за 5,0 проценти меѓугодишно во првиот квартал, што е најлош резултат од рецесијата 2007-2009 година.

Се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) ќе се намали за дури 40 проценти во вториот квартал, што би претставувало најголемо намалување на производството од Големата депресија во 1930-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот