
Илиевски: Натпреварот против Лихтенштајн е многу важен за нас
Македонската фудбалска сениорска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (4 септември, Прага, Чешка) и Лихтенштајн (7 септември, Скопје) од квалификациите за Светското првенство 2026.
Препорачано
Денеска, на тренингот во 17.30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ најдобриот национален состав ќе биде комплетен со пристигнувањето на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.
Двајцата во текот на вчерашниот ден официјално потпишаа договори со своите нови клубови, Елмас како повратник во Наполи, а Чурлинов во турски Коџаелиспор.
Репрезентативецот Бојан Илиевски смета дека контролниот натпревар во Прага против Саудиска Арабија може да биде корисен од аспект на можеби нови комбинации во нашата игра, а мечот со Лихтенштајн особено важен.
– Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, можеби да се пробаат некои нови комбинации, а против Лихтенштајн се надевам дека ќе продолжиме позитивно и во квалификациите. Тој натпревар е многу важен, јавноста можеби не смета нас за фаворити, но покажавме дека и ние кога на хартија не сме фаворити, како против Белгија и Велс дека можеме да изненадиме. Истото може да се случи и против Лихтенштајн, затоа тој меч е особено битен за нас – вели Илиевски.