Идната Влада ќе има 4 вицепремиери, еден е од ДУИ и ќе биде прв вицепремиер (ВИДЕО)

На новинарско прашање за тоа дали е новитет воведувањето на функција прв вицепремиер и како ќе ја критикува објавата на Груби за Албанец министер за надворешни, Заев одговори дека за нив граѓаните се еднакви.

-Нема промени на закони. Прв вицепремиер е кој го менува Заев кога е отсутен. Идната Влада ќе има 4 вицепремиери, еден е од ДУИ и ќе биде прв вицепремиер. Тоа е за подобра координација на двете партии и честа која се дава од граѓаните, а за ефикасни одлуки. Се работи за кадар кој ќе го води министерството за политички систем. За нас граѓаните се еднакви. МНР е првиот дипломатски ресор на нашата земја. Вториот е потпретседателот на владата за европски прашања. Сега мислиме дека треба да работиме заедно, но поголема одговорност да преземе СДСМ, затоа Димитров е потпретседател за европски прашања за отворање поглавја, рече Заев.

Заев: Потврден составот на новата Влада која ќе има 19 министри и премиер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот