Идната недела средба на Бајден и Џинпинг во Сан Франциско

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретнат на 15 ноември во Сан Франсиско, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Лидерите ќе разговараат за прашања од билатералните односи меѓу САД и Народна Република Кина, континуираната важност за одржување отворени линии на комуникација и низа регионални и глобални прашања, рече Жан-Пјер.

Кинескиот претседател ќе биде во посета на  САД од 14 до 17 ноември за да присуствува на 30-тиот самит за Азиско-пацифичка економска соработка.

Врз основа на последниот состанок во ноември 2022 година во Бали, Индонезија, лидерите ќе разговараат и за тоа како САД и Народна Република Кина можат да продолжат одговорно да управуваат со конкуренцијата и да работат заедно таму каде што нашите интереси се усогласени, посебно на транснационалните предизвици кои влијаат на меѓународната заедница, изјави Жан-Пјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот