Демнење / фото: архива

И во Прилеп ќе одговара демнач кој две години ја тормозел поранешната сопруга

Прилепчанец ќе одговара за демнење, соопшти ОЈО. Тој од август 2023 до август 2025, обвинетиот „повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга“.

„Се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде што таа се наоѓала. Жената психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал и со тоа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв кај неа. Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи и закани по живот. Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи“, велат од Обвинителството.

Во текот на претходната постапка на обвинетиот му биле определени мерки на претпазливост кои не ги почитувал, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднел и посебен предлог за определување мерка притвор.

ОЈО за злосторството во Велес: Убиецот не боледувал од душевна болест, бил пресметлив и имал забрана за приближување до жртвата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот