Делегација на МПС во посета на првото новородено бебе на вработена во МВР/Фото: МПС

И полицискиот синдикат му се израдува на првото бебе од своите колеги Татјана и Тони

Делегација од Македонскиот полициски синдикат предводена од генералниот секретар Кире Трајковски, придружуван од потпретседателот Зоран Кузмановски и помошник генералниот секретар Суза Трајковска  во Скопје, на Клиниката „Санте плус” – оддел за гинекологија и акушерство, го посетија првото новородено бебе  на вработена во Министерството за внатрешни работи во Новата 2022 година.

-Искрено упатувам честитка до среќното семејство Ѓоргијевски, мајката Татјана и таткото Тони  кои се наши колеги членови на МПС и вработени во МВР, за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2022 година. На малата Атанасија и посакуваме добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина и  токму затоа ние  како единствен репрезентативен синдикат работевме и во новиот Колективен договор предводовме право да  секоја  вработена во МВР добие еднократна парична помош за новороденче  во висина од 100 евра во денарска противредност. Оттука оваа прилика ја користам да упатам честитки до мајката Татјана за новородената ќерка и воедно да и пренесам дека е првата вработена во МВР која ќе ја искористи приодобивката од новиот колективен договор, истакна генералниот секретар Кире Трајковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!