Пристаниште/илустрација / Фото: commons.wikimedia.org

И Италија ги затвори пристаништата за руски бродови

Во согласност со санкциите што Европската унија ѝ ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми.

Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа и руските бродови кои го промениле знамето под кое пловат по 24 февруари.

„Руските бродови закотвени во Италија мора да ги напуштат италијанските пристаништа веднаш по завршувањето на нивните деловни активности”, се наведува во извештајот на АНСА.

Во петтиот пакет санкции против Русија, ЕУ им забрани на европските компании да купуваат јаглен и нафтени шкрилци од Русија, но го одложи активирањето на таа одлука за август годинава.

Италија, исто така, одлучи да го забрани патниот превоз за камиони на компании од Русија и Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот