И децата до 5 години ќе плаќаат целосна ски карта на Копаоник

За разлика од сите претходни години на Копаоник, од оваа скијачка сезона за прв пат децата до 5 години ќе ја плаќаат целосната цена на ски картата. Исто така, споредено со претходните скијачки сезони, нема повеќе семејни и депо ски карти.

Цените на сите видови ски карти се зголемени за 25 отсто. Почнувајќи од оваа скијачка сезона, за прв пат откако постои ски-центарот Копаоник, децата до 12-годишна возраст ќе ја плаќаат целосната цена на детската ски карта. На пример, родителите сега ќе треба да издвојат 15.000 динари за седумдневна карта за скијање.

Бесплатен останува само полигонот за почетници, односно скијачката градинка каде ќе се плаќа само ски картата по цена од 200 динари. За возрасните, цената на шестдневната ски карта ќе се движи од 20.750 до 22.500 динари, додека еднодневната ски карта ќе чини меѓу 4.620 и 5.370 динари. Како што е најавено, скијачката сезона треба да започне на 7 декември, а скијањето тој ден ќе биде бесплатно, додека продажбата на билетите за претстојната сезона ќе започне на 1 ноември. Ако ги споредиме цените на билетите за скијање за период од десет години, тие се зголемени за цели 83 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот