Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Хуавеи се враќа на пазарот на мобилни телефони

Кинескиот технолошки гигант Хуавеи очекува значително повисоки приходи оваа година, објави членот на одборот Кен Ху, нагласувајќи го закрепнувањето во бизнисот со мобилни телефони по долгогодишните проблеми со трговските ограничувања во САД.

Компанијата ќе ја заврши оваа година со приход од повеќе од 700 милијарди јуани (98,5 милијарди долари), напиша Ху во новогодишната порака до работниците, што би претставувало зголемување од девет проценти во однос на 2022 година.

Прогнозата е нова потврда за закрепнувањето на Хуавеи од ефектите на санкциите, кои од 2019 година го ограничуваат пристапот на кинеските компании до клучните глобални технологии како што се полупроводниците.

„После години напорна работа, ја пребродивме бурата и повторно работиме повеќе или помалку нормално“, тврди Ху.

Според него, одделот за уреди на Хуавеи, кој го вклучува бизнисот со мобилни телефони, годинава постигна подобри резултати од очекувањата.

Во август, компанијата ја изненади светската јавност со новата серија мобилни телефони Мејт60, за кои се верува дека имаат вградени чипови развиени во Кина. Многумина ја протолкуваа серијата како враќање на Huawei на пазарот на мобилни телефони во категоријата со повисока цена по долгогодишните проблеми предизвикани од американските санкции.

Хуавеи испорача 83 отсто повеќе мобилни телефони во октомври отколку во истиот период минатата година и беше моторот за раст од 11 отсто на кинескиот пазар, според Каунтерпоинт. Во следната година менаџментот планира да го прошири бизнисот во сегментот на уреди.

„Нашиот бизнис со уреди мора да биде уште поподготвен за развој на најдобри производи во својата класа и за изградба на врвен бренд со човечки допир“, се вели во писмото до вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот