
ВИДЕО: Најмалку тројца убиени пред продавница за авто-делови во САД
Во престрелката што се случила во продавница за автоделови во Долтон, Илиноис, според првичните информации, се застрелани неколку луѓе, а најмалку тројца убиени.
Препорачано
На местото на настанот, на паркингот на продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми, јавува Мирор.
Целата област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Наводно сѐ започнало околу 10:30 часот по локално време.
Улиците во близина се блокирани од полицијата. На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. По престрелката, неколку луѓе наводно биле пренесени во блиските болници, додека WGNN јавува дека четири лица се ранети.
Вработен во продавницата за автоделови потврди дека никој од продавницата не е физички повреден.
Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден во друг.
Според полицијата „има околу шест жртви“.
Едно лице од блискиот сервис за хемиско чистење рече дека пукотницата била толку силна што мислела дека се случува над нејзината глава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
31мин
-
51мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5