Димитар Врглевски /фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Димитар Врглевски: Регулирањето на дискреционите права на функционерите е проблем кој се провлекува

Законот за општа управна постапка истакнува дека кога органите, функционерите односно институциите на јавниот сектор кога користат дискрециони овластувања актите мора да бидат образложени, одлуката да биде во законското овластување и во рамки на целта за која е дадено овластувањето. Нашите истражувања пак покажуваат дека институциите немаат пракса да ги образложуваат своите акти и уште помалку да бидат особено детално елаборирани. На ваков начин се доделуваат огромни суми државни пари на субјекти што го подотвораат сомнежот за корупција. Регулирањето на ова право остана само едно ветување во земјава кое никој нејќе да го спроведе, вели Димитар Врглевски од „Центарот за управување со промени ЦУП“ при неговото гостувањето во утринската емисија на „Слободен печат“.

-Нашите анализи покажуваат дека општините, институциите и функционерите доделуваат огромни суми на пари по различен основ и тоа на физички но и на правни лица. Не сме убедени дека граѓаните се доволно свесни и запознаени каде одат нивните пари. Нема експлицитен законски основ за ова, додека општините се повикуваат на општите одредби во законот. Ваквите активности на големо ги подгреваат стравувањата од коруптивни активности каде истовремено се отвора просторот за манипулативни политики кон граѓаните особено во време на избори – посочува Врглевски.

Според Врглевски кој е еден од авторите на истражувањата „Дискреционите овластувања како потенцијален ризик од корупција“ и „Дискреционите овластувања при финансирање на платено политички рекламирање“ во земјава пред секои избори без исклучок се злоупотребуваат дискреционите овластувања за финансирање на платено политичко рекламирање.

– Нашето второ истражување ја анализираше постапката за платеното политичко рекламирање, која стручната јавност исто така повикува да се укине. Но, доколку истата не биде укината од Министерството за правда, потребно е многу подетално да се уредува постапката бидејќи има една голема празнина. Начелно, за платено политичко рекламирање средства се исплаќаат на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми, портали. ДИК доделува на овие субјекти државни пари доколку се впишани во регистарот на ДИК. Од друга страна регистарот, согласно изборниот законик се води по барање од страна на субјектите и го води ДИК. Единствен услов е исправноста на нивните ценовници. Понатаму, ДИК не проверува дали овие субјекти исполнуваат одредени дополнителни критериуми како што е почитување на законот за медиуми и медиумските стандарди – вели Врглевски.

Повеќе од интервјуто со Димитар Врглевски од „ЦУП“ погледнете во видеото во продолжение.

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот