Андреја Стојковски /Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Андреја Стојковски: Алгоритмот вели владината коалиција има најмногу шанси да формира нова Влада

Истражувањата што со години ги прави „Преспа институтот“ покажува дека расположението кај граѓаните во однос на ЕУ со мали варијации останува доминантно позитивно, ова го потврди Андреја Стојковски, извршен директот на Преспа институтот во интервју за утринската програма на „Слободен печат“.

Според податоците од истражувањето, партиите во состав на владината коалиција, но и оние од албанската опозиција се цврсто определени за продолжување на европскиот пат на земјата. Кај останатите партии има одредени лажирања меѓу определбата за ЕУ перспектива на државата, но и приклонување кон други форми на здружувања како Евроазиската унија, БРИКС или Кина. Имајќи ги предвид овие но и други аспекти вметнати во анкетата еве што покажува истражувањето на Преспа институтот : 26,40 – 27,13 (истражувањето) покажа дека на сите тие претпоставки коишто ги имавме со анкетни податоци од шест месеци пред изборите, без да го земеме предвид сентиментот кај граѓаните и јавниот дискурс во медиумите и на блоковската поделеност, владината коалиција има 96 проценти можност да освои најголем број на пратенички места и да се стави во позиција да предложи состав на новата Влада – вели Стојковски.

Како што објаснува Андреја Стојковски Преспа институтот утврдил дека на околу 1200 избирачки места партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ имаат фиксни гласачи кои можат да се сметаат за добитни. Од нив 620 гласачки места се секогаш добитни за ВМРО-ДПМНЕ, околу 450 се добитни за СДСМ, а останатите на ДУИ.

Стојковски вели дека овие избирачки места се добитни за овие партии без разлика на излезноста, без оглед на кој круг избори се работи и на каков тип избори станува збор.

Повеќе од разговорот со гостинот можете да погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот