Празни шини Македонска железница / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Хрватските железници инвестираат 49,4 милиони евра во нова механизација

ХЖ Инфраструктура потпиша договор со австриската компанија Пласер&Tереурер за набавка на железнички возила за специјална намена, т.е. стратешка механизација, вагони и машини за мали пруги, а вредноста на договорот потпишан по постапката за јавна набавка е 49,4 милиони евра без ДДВ. Како што објави ХЖ Инфраструктура во среда, средствата се финансираат од заем од Европската инвестициска банка.

Врз основа на овој договор, австриската компанија ќе им испорача вкупно девет машини.

„Бидејќи сме во средината на најголемиот инвестициски бум во реновирање и модернизација, нема сомнение дека оваа механизација ќе придонесе да станеме уште поефикасни и побрзи во оваа работа. Хрватска денес е големо градилиште за железници; многу проекти се во полн ек, додека некои се при крај, а многу наскоро крајните корисници ќе почувствуваат подобрувања и во патничкиот и во товарниот транспорт“, соопштија од раководството на ХЖ Инфраструктура, објави Н1 Хрватска.

Рокот за испорака на сите машини е четири години од потпишувањето на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!