
Хрватските власти открија ешерихија коли во италијански школки
Во прехранбен производ увезен од Италија е откриена висока концентрација на бактерии опасни по здравјето. Како што објави европскиот систем за безбедност на храната, официјалната контрола на хрватскиот пазар открила бактерија ешерихија коли во школки од Италија. Овие школки претставуваа потенцијално сериозна закана за здравјето на луѓето, објави Даница.хр. Но, проблемот е што известувањето е објавено денеска, кога веројатно производот веќе не е на пазарот. Анализата на примероците од школки земени од продажните места покажала исклучително високо ниво на патогени микроорганизми (E. коли) од 1300 МПН/100 грама, според европскиот систем.
Препорачано
Се надеваме само дека купувачите и потрошувачите на тие школки немале здравствени проблеми, бидејќи известувањето пристигнало кога школките веќе биле потрошени. Ешерихија коли се наоѓа во човечкиот дигестивен систем, но е честа причина за бројни инфекции, најчесто на уринарниот и дигестивниот систем. Сепак, може да предизвика и воспаление на жолчката и белите дробови, менингитис кај новороденчињата, како и тешки форми на сепса.
Најчести симптоми на инфекција со оваа бактерија се абдоминални болки и грчеви и дијареа. Повеќето инфекции поминуваат брзо и без поголеми тешкотии, но состојбата може да се комплицира, особено кај малите деца, постарите и имунокомпромитираните лица.