
Хрватските чистачи очекуваат значително зголемување на платите и бараат 1.500 евра!
Новото истражување покажа дека во просек најмногу работници во Хрватска наоѓаат сезонска работа во угостителството – 64 отсто од нив, потоа следи трговијата со 25 отсто и туризмот и администрацијата со по 24 отсто. Расте интересот за сезонска работа кај домашните работници како што се приближува туристичката сезона, како и нивните очекувања за повисоки плати во просек за шест отсто во однос на минатата сезона, на 1.390 евра нето, додека келнерите, готвачите и чистачките очекуваат над 40 отсто повисоки плати, покажува истражувањето на порталот МојПосао. Ова истражување беше спроведено за време на неодамнешниот саем за вработување и опфати повеќе од 460 испитаници, од кои 67 проценти беа жени, а 33 проценти мажи.
Препорачано
Меѓу сезонските работници кои очекуваат најголемо зголемување на платата во однос на ланскиот просек се чистачките – тие бараат 60 отсто поголема плата или околу 1.500 евра, а потоа следат собарките кои очекуваат 46 отсто поголема плата или минимум околу 1.287 евра. Сезонава келнерите очекуваат платата да им се зголеми за 40 отсто, во просек од 1.561 евро, продавачите за 35 отсто, на околу 1.257 евра месечно, а готвачите за 33 отсто, на 1.703 евра. Рецепционерите оваа сезона очекуваат повисоки плати за околу 32 отсто од ланските или за околу 1.447 евра, а работниците во магацини зголемување од 13 отсто, на 1.220 евра. Анкетираните работници, а повеќето од нив работеле сезонски и претходната година, очекуваат добри услови за работа, меѓу кои за 46 отсто од нив „клучен“ е сигурен приход, а за 38 отсто обезбедено сместување во местото каде што работат, анализира Пословни дневник.