Фото: Архива

Хрватите увезле 556.000 свињи и 100.000 тони свинско месо: Домашните фарми пропаѓаат!

Хрватска во континуитет го уништува своето земјоделско производство, поради што е убедливо најлоша во Европската Унија. Не треба да сте особено упатени и паметни за да дојдете до тој заклучок. Доволно е да се погледнат официјалните бројки кои со години ги објавуваат домашниот и европскиот статистички систем и Министерството за земјоделство. Сликата е поразителна. Најновите податоци за увозот на свињи и свинско месо, на пример, откриваат дека Хрватска денес покрива едвај 50 отсто од годишната потрошувачка на свинско месо.

Сè друго е принудено да се увезува. Така, бројот на свињи е намален за повеќе од 40 отсто, односно за повеќе од 600.000 во последните две децении. Во првите 11 месеци од минатата година, според новите податоци на Министерството за земјоделство, увезени се околу 556.000 живи свињи, што е за 26 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година. Ова е зголемување од дури 100.000 парчиња. Минатата година најмногу живи свињи се увезени од Холандија (265.000), Данска (181.000) и Унгарија (55.000). Што се однесува до увозот на свинско месо, во првите 11 месеци, се увезени близу 100.000 тони, што е приближно шест отсто повеќе во однос на истиот период лани. Најмногу месо имало од Германија (26.000 тони), Унгарија (18.000), Шпанија (17.000) и Данска (15.000 тони), пишува Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот