
Хотелски трик за меки пешкири – Природен микс кој ќе им ја врати мекоста
Пешкирите често стануваат тврди и груби поради начинот на перење и сушење, вклучително и прекумерната употреба на детергент и омекнувач. Тврдата вода, прекумерното сушење и преполната машина за перење се исто така се фактори кои влијаат на нивната текстура.
Препорачано
Освен тоа, пречестото користење на високи температури за време на перењето или сушењето може да предизвика оштетување на влакната и да ја намали удобноста на пешкирот, пишува Express.
Како да ги омекнете пешкирите?
Дејан Димитров, извршен директор на Laundryheap, тврди дека прашокот за печиво и белиот оцет добро делуваат за омекнување на крпите. Токму оваа мешавина често ја користат во хотелите.
„Двете состојки, кои често се наоѓаат во секој дом, може да се користат одделно за омекнување на „тврдите“ пешкири. Едноставно додадете 250 мл бел оцет во барабанот на машината за перење заедно со вашиот обичен течен детергент и исушете ги алиштата како и обично“, објасни тој.
Можете исто така да користите и сода бикарбона прашок за печиво за да ги омекнете вашите пешкири и да ги направите меки.
„Измешајте осум лажици прашок за печиво со детергент за перење пред да го ставите во машината за перење. Ова ќе помогне да се олабават влакната на пешкирите и да се отстрани нечистотијата, со што вашите крпи ќе бидат добри како нови“, додаде Димитров.
Многу луѓе често се грижат за употребата на бел оцет во алиштата поради силниот мирис, но крпите нема да мирисаат на оцет по употреба.