Profimedia
Profimedia

Хоакин Феникс го освои Оскарот и одржа инспиративен говор: Не се чувствувам над другите, бидејќи сите ја делиме истата љубов! (ВИДЕО)

Не се чувствувам над другите номинирани или кој било во просторијава бидејќи сите ја делиме истата љубов – тоа е љубовта кон филмот, рече Феникс.

Без големи изненадувања, Оскарот за најдобар актер на овогодинешното доделување му припадна на Хоакин Феникс, за феноменалната улога во филмот „Џокер“. 

Откако му беше врачена наградата, Хоакин излезе на сцена за да го прими Оскарот, каде уште еднаш покажа дека покрај неверојатната глума, овој човек е и голем иснпиративен говорник, кој повторно ги освои сите со својот фантастичен говор. 

Фото: Профимедиа

Ви пренесуваме дел од говорот на Феникс кој со сигурност ќе влезе во историјата на Оскарите: 

„Во моментов сум полн со многу благодарност. Не се чувствувам над другите номинирани или кој било во просторијава бидејќи сите ја делиме истата љубов – тоа е љубовта кон филмот. А оваа форма на изразување ми подари неверојатен живот. Не знам каде би бил без него.

Понекогаш мислам дека сметаме или сме принудени да сметаме дека се бориме за различни каузи. Но, според мене, јас гледам заедништво. Без разлика дали зборуваме за родова нееднаквост или расизам, или права на сексуалност, или права на припадност, или права на животните, зборуваме за борба против неправдата.

Instagram

Зборуваме за борбата против верувањето дека една нација, еден човек, една раса, еден пол, еден вид има право да доминира и да ги користи и контролира другите без да биде казнет.

Мислам дека веќе не сме поврзани со природниот свет. Многумина од нас гледаат на светот од егоцентрична појдовна точка и мислиме дека сме центар на универзумот. Одиме во природниот свет и му ги ограбуваме ресурсите. Сметаме дека имаме право вештачки да оплодиме крава и да ѝ го украдеме бебето, иако нејзините крици на болка се незапирливи. Потоа го земаме нејзиното млеко, кое е наменето за нејзиното теле и го ставаме во нашето кафе и во нашите житарки.

Се плашиме од идејата за лична промена бидејќи мислиме дека треба да жртвуваме нешто, да се откажеме од нешто. Но, најдобрите човечки суштества се креативни и иновативни и ние може да создаваме, развиваме и имплементираме системи за промена кои имаат поволности за сите суштества со чувства“, порача меѓу другото одличниот актер.

Joaquin Phoenix Wins Best Actor

Oscars Moment: Joaquin Phoenix wins Best Actor for "Joker"

Publiée par The Academy sur Dimanche 9 février 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот