ХЕРА

ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност, не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на невладината организација ХЕРА.

На настанот присуствуваа претставници од институции, граѓански организации, активисти и други засегнати страни и партнери на проектот со кои ХЕРА ја споделува својата мисија за општество во кое жените и мажите еднакво придонесуваат за развој и економски напредок. Присутните имаа можност да ги слушнат клучните препораки од изготвените документи за јавни политики за организирани социјални и образовни услуги за жените и другите ранливи групи граѓани, кои ќе го подобрат нивниот статус во општеството и ќе им овозможат поголема активација и интегрирање на пазарот на труд.

„Подобрен пристап до градинки, подобрени услуги за грижа во домот, достапност на грижа и нега за постарите лица, создавање нови образовни можности за жените во инженерството и технологијата, беа само дел од темите со кои на директен начин се покажа патот до повеќе вработувања, зголемена продуктивност и повеќе социјални и економски придобивки за сите“, велат од ХЕРА.

Дополнително со промена на ставовите и перцепциите на граѓаните околу наследувањето имот, поделеното татковско отсуство, како и надминување на мислењето за „типичните женски и машки професии“, може да придонесе за позитивни промени кои ќе можат да бидат применливи во пракса и од кои сите добиваме. Поддршката за родовата еднаквост не е само прашање на социјална правда туку вистински мотор и двигател на економијата.

Во воведните обраќања Фатмир Сабриу – Државен секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади истакна дека еднаквиот пристап на жените до работа, ресурси и образование придонесува до поголема продуктивност и иновации.

„Како претставник на Министерството за социјална политика, демографија и млади тука сум да ја искажам нашата заложба за креирање на родово инклузивни политики од чие имплементирање зависи и напредокот на едно општество.

Затоа што, родовата еднаквост не е само идеал – таа е неопходност.

Живееме во време кога повеќе од кога било се зборува за правда, слобода и човекови права. Но, тие зборови остануваат празни ако не ги вградиме во конкретни, реални политики – и ако тие политики не ги опфатат сите. Зборуваме за родово инклузивни политики – политики што не гледаат само низ машка или женска перспектива, туку низ човечка перспектива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот