Камала Харис/ Фото EPA-EFE/Samuel Corum / POOL

Харис: Убиството на Јахја Синвар е можност за примирје на Блискиот Исток

Американската потпретседателка Камала Харис денеска изјави дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар претставува можност за прекин на огнот на Блискиот Исток.

Таа нагласи дека оваа ситуација треба да се искористи за ставање крај на војната и размена на заложници, пренесува Ројтерс.

„Во однос на прашањата на Блискиот Исток, а особено во тој регион (Окупираната палестинска територија), никогаш не било лесно. Но, тоа не значи дека се откажуваме. Секогаш ќе биде тешко“, изјави таа за новинарите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека убиството на Синвар не значи крај на војната во Газа, додека членот на политичкото биро на движењето Хамас Басем Наим рече дека смртта на лидерот не значи крај на движењето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот