Хамас/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас го достави својот одговор на израелскиот предлог за прекин на огнот

Во раните утрински часови Хамас потврди дека го доставил својот одговор на најновиот предлог на Израел за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во меѓувреме, делегациите на преговарачи од двете страни ги продолжуваат своите индиректни разговори во емиратот Катар, но без опипливи резултати.

„Хамас им го достави на медијаторите својот одговор како и од другите палестински фракции на предлогот за прекин на огнот“, соопшти палестинското исламистичко движење преку Телеграм.

Се потсетува дека израелскиот предлог се однесува на прекин на огнот во траење од 60 дена, ослободување на заложниците и враќање на телата на заложниците.

Ројтерс објави дека Израел го испитува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Газа, повикувајќи се на извор од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот