Гучи под истрага поради нелојална конкуренција

Италијанската финансиска полиција извршила претрес во објектите на производителот на луксузни стоки „Гучи“ како дел од истрагата на Европската комисија во неколку земји за можни прекршувања на прописите за пазарна конкуренција, потврди компанијата.

Претресени се објектите на „Гучи“ во кои се произведуваат патни чанти, чанти и други кожни производи, потврдија од компанијата за Ројтерс. ЕК објави дека регулаторите извршиле претрес во просториите на компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ. Комисијата се сомнева дека компаниите можеби го прекршиле законот на ЕУ за конкуренција, кој забранува картели и рестриктивни деловни практики, вклучувајќи хоризонтални и вертикални спојувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот