
ВИДЕО | Грета Тунберг приведена од израелски војници кои ја пресретнаа флотилата „Сумуд“ кон Газа
Глобалната флотила „Сумуд“ која се обидуваше да ја пробие израелската блокада на Газа вечерва беше пресретната од израелската армија, а меѓу задржаните е и шведската климатска активистка Грета Тунберг. Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека таа и нејзините придружници се префрлени во израелско пристаниште, јави британски Метро.
Препорачано
Already several vessels of the Hamas-Sumud flotilla have been safely stopped and their passengers are being transferred to an Israeli port.
Greta and her friends are safe and healthy. pic.twitter.com/PA1ezier9s— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 1, 2025
Во објавата на социјалната мрежа X се наведува дека Тунберг е „безбедна и здрава“, додека видеа од бродот покажуваат маскирани и вооружени израелски војници како ја преземаат контролата над бродовите.
Флотилата, составена од над 40 цивилни бродови и повеќе од 500 активисти, пратеници и адвокати, пловеше од Барселона со цел да достави симболична хуманитарна помош за 2,4 милиони Палестинци кои живеат под израелска блокада. Конвојот претходно беше цел на напади со беспилотни летала во меѓународни води.
Израелската морнарица ги предупреди бродовите дека продолжувањето кон Газа ќе значи апсење и дека се движат кон активна борбена зона. Министерството за надворешни работи ја оцени флотилата како провокација, додека Израел понуди можност за мирен трансфер на помошта преку безбедни канали.
Италија и Шпанија претходно распоредија воени бродови за придружба на флотилата, но апсењето на Грета Тунберг и другите активисти ја заостри тензијата и го отвори прашањето за легалноста на блокадата, како и за заштитата на хуманитарните мисии во регионот.