Фото: Принтскрин

Гренел: Лажна вест е дека поддржувам размена на територии

Специјалниот претставник на САД за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, вели дека лажна вест се извештаите дека размената на територии е се уште на маса и  дека тој ја промовира оваа идеја.

Преку социјалната мрежа Твитер, Гренел реагираше жестоко велејќи дека никој од него не побарал изјава, и дека тој е фокусиан на економскиот развој, а не на политика.

– Лажна вест. Вие никогаш не сте ме повикале за да ме прашате. Јас сум за тоа што страните ќе се договорат. Фокусиран сум на економскиот развој, а не политиката – напиша Гренел на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!