Мигранти / Фото: mia.mk

Грција нема да ги прима мигрантите коишто доаѓаат од Турција

Луѓето од Авганистан, Бангладеш, Пакистан и Сирија повеќе нема да имаат право да бараат азил во Грција ако дојдат преку Турција, изјави денеска грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис.

Луѓето од Авганистан, Бангладеш, Пакистан и Сирија повеќе нема да имаат право да бараат азил во Грција ако дојдат преку Турција, изјави денеска грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис.

„Ова е важен чекор во борбата против илегалната миграција и криминалот поврзан со трговија со луѓе“, рече Митаракис, додавајќи дека Турција е безбедна земја каде што луѓето можат да поднесат барање за азил.

Новата политика се заснова на договор меѓу Турција и ЕУ од 2016 година, според кој Турција се обидува да се бори против илегалната миграција кон ЕУ, а на Грција и е дозволено да испраќа мигранти во Турција кои доаѓаат без дозвола на егејските острови.

За возврат, за секој Сириец што е така вратен во Турција, ЕУ ќе дозволи пристигнување во ЕУ на еден сириски мигрант од турските кампови. Европската унија исто така потпишала дека ќе и обезбеди финансиска помош на Турција при грижата за бегалците.

Извори на грчката крајбрежна стража рекле дека по последната објава треба да им стане јасно на поединците од тие земји дека нема да им биде дозволен влез во ЕУ без претходна дозвола.

Се намалува бројот на мигранти кои живеат во бегалски кампови на грчките острови. Најновите податоци покажуваат дека помалку од 9000 луѓе живеат на островите Лезбос, Хиос, Кос, Лерос и Самос. Минатата година тој број бил повеќе од 40 000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот