Фото: РФМ

Грција се повлече од „Трофеј Македонија“ и нема да го одигра натпреварот со нашата репрезентација

Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека женската ракометна репрезентација на Грција се повлекува од понатамошното учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.

Причина за повлекувањето е вирусна инфекција што зафати дел од грчките ракометарки, поради што тимот не е во можност да продолжи со натпреварувањето.

„Им посакуваме брзо оздравување на ракометарките од Грција и искрено им благодариме за нивното учество и придонес кон турнирот“, се вели во соопштението на РФМ.

Согласно распоредот, Грција требаше денеска од 16:30 часот да биде противник на македонската репрезентација во последниот натпревар на турнирот.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот