Фото: МИА

Грција сака да ја преземе командата на европската операција во Црвеното море

Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното море и ќе го понуди штабот во грчкиот град Лариса како седиште, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас од Брисел пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија.

Дендиас рече дека на состанокот ќе разговараат за Украина, но и за европската одбранбена индустрија, која е од особен интерес за Грција.

-Исто така, ќе разговараме за европската операција во Црвеното Море и ќе предложам, ќе понудам, Грција да ја преземе командата на операцијата, исто така ќе го понудам штабот во Лариса како штаб на операцијата, рече Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот