Фото: Stephen Shaver / Zuma Press / Profimedia

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“

„One China policy”, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на светот не му се потребни други тензии и повтори дека позицијата на Грција е усогласена со ставот на ЕУ.

„Нашата земја е непоколебливо посветена на ставот дека разликите треба секогаш да се решаваат по мирен пат, како што предвидуваат меѓународното право и меѓународните договори. Што се однесува до конкретното прашање, ние сме целосно усогласени со позицијата на ЕУ. Грција непоколебливо ја поддржува политиката на една Кина“, рече Иконому.

Оваа грчка позиција, односно политиката на една Кина, ја повторил и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на вчерашната средба со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на 55-от министерски состанок на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа.

Идентичен е ставот и на опозициската СИРИЗА, од каде што велат дека тоа е грчка и европска позиција што тие и во минатото и сега ја поддржуваат, додаваат дека со загриженост ја следат „ескалацијата на тензиите на глобално ниво, што создава услови за нова студена војна“ и повикуваат на иницијативи „во насока на деескалација”, кои тие би ги поддржале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот