Грција доделува 17.000 евра на невработени за да започнат сопствен бизнис

Денес се отвора електронската платформа на која илјадници невработени во Грција ќе имаат можност да аплицираат за државно финансирање за да започнат сопствен бизнис. Сумата што можат да ја добијат е 17 илјади евра кои ќе им бидат обезбедени во три транши. Предуслов за финансирање е презентација на бизнис план од апликантот, кој ќе се испита до степен до кој обезбедува одржливост на потфатот. Право на учество во програмата имаат невработените пријавени во Јавната служба за вработување на возраст од 30 до 59 години, пишува „Телеграф.бг“. Тие мора да бидат грчки државјани, државјани на земјите од ЕУ или трети земји и да имаат дозвола за престој и работа во Грција најмалку за времетраењето на програмата – 12 месеци.

Бизнисите кои сакаат да се отворат мора да ги развиваат своите активности легално на територијата на Грција. Државната поддршка за одобрените апликанти ќе биде обезбедена на три рати – 5.000 евра на почетокот на активноста, 6.000 евра по завршувањето на првите шест месеци и останатите 6.000 по завршувањето на вторите шест месеци. Програмата ја спроведува грчката јавна служба за вработување и има буџет од 100 милиони евра обезбедени од грчкиот државен буџет и од ЕУ. Се очекува 5.800 луѓе да добијат поддршка за започнување сопствен бизнис, пренесе БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот