Фото: Screenshot/Twitter

Градот Портланд и државата Орегон со тужба против најавената воена интервенција на Трамп

Градот Портланд и сојузната држава Орегон поднесоа тужба со која се бара блокирање на најавената воена интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти државниот јавен обвинител Ден Рејфилд.

Тужбата е поднесена против Трамп, секретарот за одбрана Пит Хегсет и секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем.

Орегон се повикува на својот суверенитет над спроведувањето на законот и Националната гарда, која во повеќето држави се потчинува на гувернерот, а не на претседателот. Според тужбата, федерализацијата на 200 припадници на Националната гарда на Орегон за цивилно полициско ангажирање би претставувала кршење на законот.

Слична интервенција во Лос Анџелес неодамна беше блокирана од суд во Калифорнија. Трамп во саботата побара од Хегсет да ги испрати „сите неопходни трупи за заштита на уништениот Портланд и на нашите имиграциони центри под напад од Антифа и други домашни терористи“. Претходно, Трамп испрати војници во Лос Анџелес и Вашингтон, а најави и распоредување на Националната гарда во Мемфис. Тој повеќепати се закануваше со испраќање трупи и во Чикаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот