
Градоначалникот на Лепосавиќ, каде беше најтензично, влезе во зградата на општината, поставено е косовското знаме
Новоизбраниот градоначалник на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми влезе во својот кабинет во општинската зграда, јави Радио Телевизија Косово.
Препорачано
Известувачката на РТК од Лепосавиќ, јави дека безбедносната ситуација сега е мирна и оти локалните Срби се разотишле.
На зградата на општината во Лепосавиќ веќе е поставено и косовското знаме.
Според РТК, косовската полиција ја отстранила и последната барикада во Лепосавиќ.
Претходно во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток, Измир Зеќири и на Звечан, Илир Пеци, успеаја да влезат во објектите на соодветните општини со помош на Косовската полиција.
Порталот потсетува дека Владата на Косово ја стави во функција косовската полиција за да им помогне на градоначалниците на трите северни општини, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, да влезат во објектите на општините. Тие претходно положија заклетва на импровизирани места, поради нивна безбедност, за разлика од градоначалникот на општина Северна Митровица, Ерден Атиќ, кој без проблем успеа да ја изврши свечената заклетва во објектот на општината.
Градоначалниците на Зубин Поток и Звечан среде немирите влегоа во зградите на општините
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8сек
-
14мин
-
31мин
-
32мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5