
Градоначалникот на Цетиње бара оставки од безбедносниот врв поради масакрот
Градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ побара да се одржи итна седница на градското собрание поради трагедијата што се случи на 1 јануари годинава, во која беа убиени 12 лица, а четворица се тешко повредени, пренесува српска Политика. Тој ќе предложи оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор. Цетиње два пати во период од две ипол години преживува ваква трагедија и затоа градоначалникот смета дека и полицијата и безбедносниот сектор несоодветно постапиле.
Препорачано
На седницата тој ќе побара независна меѓународна форензичка истрага која опфаќа реконструкција на настаните за да се утврди евентуална лична одговорност и конкретни пропусти во работата на безбедносниот сектор. Ѓурашковиќ исто така ќе побара да се формира Центар за безбедност во Цетиње, како и зајакнување на кадровските и техничките капацитети, зголемување на бројот на полицајци и воведување на маалски полицајци согласно стандардите на Европската Унија.
Додаде дека ќе побара воспоставување на модерен систем за видео надзор на територијата на целиот град.
Во Србија денеска е прогласен ден на жалост поради убиството што се случи во Цетиње во Црна Гора, во кое настрадаа 12 луѓе, а четири беа ранети.
Ваквата одлука ја донесе Владата на Србија на вчерашната седница на предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Седницата почна со едноминутно молчење за жртвите од масовното убиство во Цетиње.
На 1 јануари вооружен маж застрела седум мажи, три жени, меѓу кои и сопствената сестра, но и две деца на возраст од 10 и 13 години во Цетиње, по што се застрела во главата и почина на пат кон болница.