Градежен работник ги нападнал колегите откако бил повреден по пад на метална шипка

Градежен работник на 51-годишна возраст бил повреден вчера додека ги извршувал работните задачи откако врз него паднала метална шипка врз неговата рака, по што бесот го исфрлил на колегите.

„Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката. Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот