Шумски пожари /Фото: Yusuf Korkmaz / AFP / Profimedia

Голем пожар во Северен Јоркшир, експлодираат бомби од Втората светска војна

Пожарникарите се борат со голем пожар во Северен Јоркшир, а нивните напори се попречени од експлозиите на бомби од Втората светска војна и тенковски гранати. Пожарот зафати 25 квадратни километри од областа Лангдејл Мур во Националниот парк, објави Би-Би-Си.

Според локалниот шеф на противпожарната служба, Џонатан Дајсон, дел од областа се користел како полигон за обука во 1940-тите, па затоа досега имало 18 експлозии на бомби и проектили што го предизвикале пожарот.

Тој додаде дека е побарана помош од други англиски служби. Министерството за одбрана соопшти дека тимот за отстранување експлозиви открил голем број неексплодирани убојни средства од Втората светска војна.

Дајсон рече дека пожарот брзо се проширил кон север и северозапад, а со него се борат 60 пожарникари со 10 возила.

Се очекува наскоро да пристигнат уште 10 противпожарни возила од други делови на земјата.

Дајсон рече дека целата локална земјоделска заедница била вклучена во гаснењето на пожарот и дека пружиле голема помош.

Голем број луѓе биле евакуирани од некои помали области, а подготвена е стратегија за понатамошни евакуации од погусто населените области, доколку е потребно, според Би-Би-Си.

služba, Džonatan Dajson, del

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот