Голдман сакс / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Голдман Сакс“ ќе го преземе управувањето со пензиските фондови на „Шел“

Американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ објави дека ќе го преземе управувањето со пензиските фондови на британскиот енергетски гигант „Шел“ во вкупна вредност од 40 милијарди долари. Договорот вклучува трансфер на управување со средствата на европските пензиски структури на „Шел“, како и советодавни услуги за северноамериканскиот регион.

Трансферот ќе биде завршен до крајот на годината, а мандатот вклучува и јавни и приватни средства, како и инвестиции усогласени со обврските и паричните текови. Ваквите аранжмани се сè почеста практика меѓу големите корпорации, бидејќи тие овозможуваат управувањето со пензиските фондови да се довери на специјализирани инвестициски куќи, објавува Блумберг, пренесува Политика.рс.

Минатата година, „Голдман Сакс“ објави дека добил управување со приближно 43 милијарди долари средства од „Јунајтед Парсел Сервис“, а од 2023 година ќе управува и со 31 милијарда долари од „БАЕ Системс“. Банката моментално надгледува средства во вредност од приближно 450 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот