Главчев и Србиновски остануваат верни на Академија ФМП

Горан Главчев и Дејан Србиновски продолжуваат да го носат дресот на Академија ФМП и во наредната сезона.

Главчев кој во својата кариера настапуваше за Кожув, Младост Земун, Блокотехна и изминатата сезона го носеше дресот на Работнички од каде што премина во нашиот клуб пред крајот на регуларниот дел, го продолжи договорот и за наредната сезона и е спремен да биде дел од еден нов предизвик.

– Претходната сезона поминав нецели два месеца во клубот и со мене понесов убави впечатоци. Сега имаме нов тренер со кој што досега немам соработувано меѓутоа за неговата работа имам слушнато само пофални зборови и ќе ми биде чест да бидам дел од таков еден предизвик – вели Главчев.

Србиновски кој веќе трета сезона по ред ќе го носи дресот на нашиот тим, во својата професионална кариера има настапувано за екипите на Вардар и Куманово каде што соработуваше со новиот тренер Петровиќ и е запознаен со неговиот начин на работа.

– Ми претставува задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП и во наредната сезона. Се надевам на успешна сезона и подобри резултати од изминатата и дека ќе ги оправдам очекувањата од тренерот Петровиќ – вели Србиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!