Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), по повод 1 Декември – Светскиот ден на ХИВ/АИДС, соопшти дека во земјата годинава се регистрирани осум нови случаи на заболени од СИДА/ Фото: МИА

Гласањето за нов претседател на Косово може да се одржи денеска, обезбедени потребните потписи

Според телевизијата Т7, ВВ собрала 40 потписи, колку што е потребно за свикување на седницата, која, според приштинските медиуми, веројатно ќе се одржи денеска, по завршувањето на редовната пленарна седница, која е во тек.

Владејачката косовска партија Движење самоопределување (ВВ) ги обезбеди потребните потписи за свикување вонредна седница на Собранието за гласање за нејзиниот предлог Вјоса Османи да биде нов претседател на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според телевизијата Т7, ВВ собрала 40 потписи, колку што е потребно за свикување на седницата, која, според приштинските медиуми, веројатно ќе се одржи денеска, по завршувањето на редовната пленарна седница, која е во тек.

Според актуелниот однос на силите во Собранието, што се виде при гласањето за кабинетот на лидерот на ВВ Албин Курти, на 22 март, новата власт моментно може да смета на 66 гласа во 120-члениот законодавен дом – 58 на ВВ и осум на помалите етнички заедници.

За да биде избрана за претседател, според Уставот, на Османи и се потребни 80 гласа, од кои 61 „за”. Тоа значи дека, како што сега стојат работите, на седницата, покрај пратениците на партиите од власта, ќе треба да бидат присутни барем 14 од 15-те пратеници на опозицискиот Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК Љумир Абдиџику ги повика пратениците од неговата партија да го поддржат изборот на Османи, меѓутоа се уште не е извесно дали сите ќе присуствуваат на седницата, поради конфликтите кои во минатите година дена ги имаа со нивната дотогашна сопартијка.

Доколку ниеден кандидат во трите круга на гласање не ги добие потребните гласови, Собранието се распушта и се распишуваат нови избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот