
Гласачките материјали ќе нè чинат 800.000 евра, ДИК има на располагање десет милиони
Во парите има резерва која може да покрие втор круг во сите општини
Државната изборна комисија (ДИК) ја продолжува соработката со печатницата „Киро Дандаро“ од Битола за печатење на гласачките ливчиња.
Препорачано
Во пресрет на локалните избори, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, за „360 степени“ вели дека склучиле рамковна спогодба во висина од околу 48 милиони денари (околу 800 илјади евра) за „изработка и печатење на доверлив и недоверлив изборен материјал и избирачки список“.
„Рамковната спогодба е до 48 милиони денари. Меѓутоа, тоа зависи од тоа во колку општини ќе има втор круг и во зависност од таквите трошоци, ќе се димензионира. Проектирано е како секаде да ќе има втор круг, но претпоставуваме дека тоа не е логично, така што, овие трошоци би биле нешто пониски од проектираното и би се движеле негде во рамките на минатите изборни циклуси, можеби и малку помалку од тоа“, вели Кондарко.
Вкупниот буџет на ДИК за изборите е околу 10 милиони евра. Кондарко вели дека повеќе од две третини од овие пари се предвидени за платено политичко рекламирање, а помалку од една третина е за сите други изборни дејствија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
29мин
-
37мин
-
58мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5