Фото: АлсатМ

Ѓубрето во Скопје не се собира, директорката на „Комунална хигиена“, обвини: Блокади прават оние кои земаат плата, а не работат

Косана Мазнева директорка на ЈП „Комунална хигиена“, на прес конференција денеска се огласи околу новонастаната состојба со сметот во Скопје, кој не се собира оти дел од вработените протестираат.

Таа изјави дека група контролирана од политичка партија на која и се скратени бенфициите ја блокира Комунална хигиена и спречува да се собира ѓубрето. Револтот според неа лежи во тоа што таа наредила да се воведе сменско работење.

„Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комунална хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси“, изјави Мазнева.

Како што посочи директорката, поднесени се пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон другите вработени.

Вработени во Комунална хигиена во петокот пред полноќ прекинаа со работа. Се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградации од страна на актуелните раководители на претпријатието, објави АлсатМ.

„Барањата беа да се зголемат платите, да ни се платат патните трошоци и храна и да се подобрат условите за работа, од камиони до корпи за отпад, немаме услови. Директорката вчера попладне донесе одлука пред крајот на работното време, го избрка синдикалниот од работа и многу други колеги. Првиот човек на синдикатот на Комунална хигиена Дели Дардишта, кој е вработен 35 години и е прв човек на синдикатот на Комунална хигиена“, изјави Реџеп Мифтари, работник во Комунална хигиена.

Косана Мазнева раководи со Комунална хигиена од јули 2022 година. На оваа функција таа го замени Зуди Кока, кого градоначалничката Данела Арсовска го разреши од функцијата по инцидентот на плоштадот Скендербег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот