Орце Ѓорѓиевски - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Орце Ѓорѓиевски - Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Ѓорѓиевски со план за Скопје: Без стабилен ЈСП и подобра чистота нема модерен главен град

На денешниот настан, Саем-отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во фокусот ја стави својата визија за Скопје и за решавање на сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како комуналната хигиена и проблемите со ЈСП, ветувајќи безбеден, чист и транспарентен град, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– На Скопје му требаат брзи и ефикасни решенија, она што јас ќе го понудам на нашите сограѓани за наредните 4 години пред сè ќе биде отворен, транспарентен град, безбеден град и инклузивен град каде што граѓанинот ќе биде во централниот фокус како никогаш досега и ќе го има приматот, секоја наша креација во наредните 4 години ќе потекнува изворно од граѓанинот и ќе биде за подобрување на неговите услови за живот. Комунална хигиена и ЈСП се двата најгорливи проблеми – вели Ѓорѓиевски.

„Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна 2 столба на кои ќе се фокусира од самиот почеток, а тоа се реорганизација на комуналната хигиена и средување на катастрофалната состојба со ЈСП“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Главен и сериозен фокус ќе биде, освен заштитата на животната средина, третирањето на комуналната хигиена, нејзина реорганизација од аспект на механизација и кадров потенцијал, вториот момент, кој ќе биде наш фокус, е средување на состојбите со ЈСП, еден од главните проблеми на нашите сограѓани е токму транспортот. Тоа се првите 2 сериозни столба на кои ќе се насочиме од самиот почеток – рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека програмата за локалните избори се креира заедно со граѓаните и дека ќе содржи решенија за сите проблеми со кои се соочуваат тие, а кои набргу ќе станат минато.

– Ние сме на изработка на програмата, како никогаш досега ја креираме заедно со граѓаните, домашни и меѓународни експерти, ќе понудиме еден добар концепт за граѓаните, еден модел во којшто сите овие горливи проблеми со кои живеат, за жал, нашите сограѓани, за многу скоро време ќе станат минато. Заедно со Владата очекуваме силна поддршка во наредните 4 години, не се сомневам дека ќе бидат евидентни резултатите. Ќе понудиме концепт кој ќе содржи за решенија за сите проблеми на граѓаните, брзи и ефикасни, преточени во една долгорочна стратегија на градот Скопје – истакна Ѓорѓиевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот