Орце Ѓорѓиевски / Фото: Фејсбук

Ѓорѓиевски најави „мегапарк“ долж течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци, Злокуќани и Даме Груев

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентираше планираниот проект за изградба на „мегапарк“ долж течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци – Злокуќани – Даме Груев, којшто ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри.

„Со изградба на мегапарк Лепенец ќе го претвориме ова подрачје во современ зелен простор уреден по европски стандарди. Паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци – Злокуќани – Даме Груев и ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри. Тој ќе биде првиот парк што ќе ги поврзува повеќето скопски општини и ќе биде наменет за сите граѓани на Скопје, не само за карпошани. Ќе создадеме нова урбана оаза за рекреација, спорт, семејни активности, со што ќе му го вратиме животот на ова заборавено градско ткиво, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека по течението на реката Лепенец ќе бидат воспоставени зелени коридори со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции.

„Паралелно со тоа планираме воспоставување зелени коридори по целата должина на реката Лепенец со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите, но и јавните институции. Овој проект ќе го интегрира Лепенец во животот на градот и ќе го претвори во симбол на урбана поврзаност, чиста животна средина и граѓанска гордост пред сѐ, вели Ѓорѓиевски.

Визијата за зелено Скопје, рече, нема да застане со овие проекти. Тој истакна дека предвидени се проекти за изградба на мегапарк на моменталната дива депонија Вардариште, мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, како и градска шума во Расадник во Кисела Вода.

Дополнително, тој најави и целосна обнова на Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата во Гази Баба, кои, како што рече, се двата најголеми еколошки симболи на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот