Фото: Општина Ѓорче Петров

Ѓорче Петров се чисти од глодари, дератизација и дезинфекција и на училиштата

Општина Ѓорче Петров спроведува пролетна дератизација, дезинсекција и дезинфекција, со цел создавање почиста, побезбедна и поздрава средина за сите граѓани.

Со акцијата ќе се опфатат  2.500 шахти каде ќе се постават по две мамки за уништување на глодарите, а ќе се изврши и дезинсекција на јавните површини, како и дератизација и дезинсекција на сите основни и подрачни училишта.

Со акцијата се опфатени сите населени места: Дексион, Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, Даме Груев, Ново Село, Волково и Александрија, која од минатата година е дел од редовната пролетна дератизација.

Посебно внимание се посветува на образовните установи, со цел да се обезбеди здраво и безбедно училишно окружување за учениците. Активностите се спроведуваат од стручни екипи и надлежни служби, како дел од системскиот пристап на општината за унапредување на животната средина и заштита на јавното здравје, велат од Ѓорче Петров.

Од Општината апелираат до жителите да бидат внимателни при движење во периодот на третманите и да соработуваат со екипите на терен за успешно спроведување на активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!